Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 356 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 2.584.

Од нив 660 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 24 пациенти.

Починаа 15 пациенти, соопшти Штабот за цивилна заштита.

И вчера бројките на новозаразени не беа големи, односно 116 случаи, но сепак, во текот на деноноќието од Ковид-19 починале 16 пациенти, соопштија надлежните. Додека светот здивнува од пандемијата, некои земји речиси се подготвени да прогласат крај на пандемијата, Хрватска се соочува со висока смртност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.