Лицата над 18 години во Грција, кои се позитивни на Ковид-19 со благи или средни симптоми, а не се хоспитализирани, но кои поради сериозни здравствени проблеми се во ризична категорија тешко да се разболат, ќе можат да ја примат првата орална терапија против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерствата за здравство и дигитална политика на Грција соопштија дека лекот ќе се им се доставува на пациентите до дома и ќе се прима во домашни услови, откако претходно преку нивниот матичен лекар ќе достават барање за конкретната терапија.
Терапијата е наменета за лица кои имаат трансплантација на органи или се на листа на чекање за трансплантација, лица подложени на дијализа, пациенти со рак и биле подложени на третман во последната година, лица со ХИВ инфекција, со хронична бубрежна болест, со дијабетис, со кардиоваскуларни болести итн, но и во случај на појавување епидемија во домови за стари лица.
Процедурата за оралната терапија оди преку матичниот лекар, кој поднесува барање со податоците на пациентот, веднаш по позитивниот резултат, по што во рок од 24 часа стигнува одговор по разгледаното барање од надлежната комисија.
Доколку биде одобрена терапијата, на специјална интернет платформа пациентот пополнува податоци и за помалку од 48 часа од одобреното барање, ќе му биде доставен лекот со упатство за користење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.