Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ најверојатно утре ќе има консултации со претставници на пратеничките групи во Собранието, а потоа мандатот ќе му го понуди на лидерот на Обединета реформска акција, Дритан Абазовиќ, единствениот, кој во овој момент, може да обезбеди мнозинство од најмалку 41 пратеник, објави подгорички „Дан“.
Медиумот се повикува на повеќе доверливи извори, а се спомнува и дека, доколку сето ова се заврши во текот на утрешниот ден, до крајот на месецот треба да се очекува седница на Собранието, кога ќе биде избрана 43., овојпат, малцинска Влада на Црна Гора.
Пред два дена, Ѓукановиќ изјави дека неговата, Демократска партија на социјалистите, е подготвена да гласа за малцинска Влада. Како што додаде тој, дури и тоа е подобро решение од ситуацијата, во која Црна Гора се наоѓа со досегашната Влада.
Ѓукановиќ појасни дека малцинската Влада ја смета за најлоша алтернатива на сегашната. Но, како што наведе претседателот, моментно не постои подготвеност, голем број парламентарни субјекти да поддржат други решенија за излез од кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.