Во Бугарија се уште нема вакцини против мајмунски сипаници иако во државата веќе се регистрирани четири случаи, јавија бугарските медиуми. Според Министерството за здравство и Европската комисија, Бугарија е една од петте земји во Европа кои се уште немаат добиено вакцини против мајмунски сипаници.

Според последните податоци, само во Европа, веќе се заболените над 17 илјади луѓе. Најмногу заразени има во Шпанија, по што следуваат Германија и Франција. Во Бугарија, Литванија и Летонија има по четири случаи, но здравствените експерти претпоставуваат дека бројката е многу поголема.

Вакцините се дистрибуираат пропорционално со заедничка европска нарачка.

Само во Бугарија, Словенија, Словачка, Полска и Романија се уште нема вакцини.

Центрите за сексуално здравје се првите места каде луѓето со симптоми на мајмунски сипаници одат за помош. Неделно има тројца сомнителни пациенти. Секој пациент со ризично сексуално однесување во нашиот центар добива целосни информации за мајмуни сипаници. За жал, сепак, не можеме да го понудиме следниот чекор што е вакцинација. Преплавени сме со повици „каде е вакцината против сипаници“ – вели Елена Биринџиева од Центарот за сексуално здравје во Софија во изјава за медиумот.

Таа додаде дека веќе има список од околу 50 луѓе кои чекаат вакцина против инфекцијата.

За Бугарија се планирани 1.820 дози, но сепак, не е јасно кога државата ќе ги добие, наведува БТВ.

Министерството за здравство ги анализира регулаторните опции за добивање на вакцините и условите за склучување на договор за донација меѓу ЕК и Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.