Во утринската полициска акција во Белград, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и во соработка со Европол, уапсени се 17 лица, членови на организираната криминална група т.н. Врачарци, осомничени за повеќе кривични дела тешко убиство, соопшти Обвинителството.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, оваа група била финансирана од организираната криминална група „Кавачки клан“ и била наменета за извршување најтешки кривични дела во Србија, меѓу другото, и за напади на највисоките државни функционери, наведоа од Обвинителството.

„Врачарци“ ги предводи Н. В. и У. П., а во заедничка акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Безбедоносно информативната агенција (БИА), СБПОК, УКП – ПУ за град Белград, САЈ, Жандармеријата на МВП, денеска во раните утрински часови се уапсени 17 лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело здружување заради извршување кривични дела од чл. 346 на Кривичниот законик на РС и повеќе кривични дела тешко убиство од чл. 114. КЗ РС.

Во тек е претрес на над 50 локации, меѓу кои и на неколку патнички моторни возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.