Седумдесет и седумгодишниот Т.П. и неговиот внук М.П. (31) од Нови Село се уапсени за убиството на Н.С. (51) од село Коњино, чие тело е пронајдено во шума кај Лебанe, град во Јужна Србија.

Дедото и внукот се уапсени, а Т.П. го признал убиството.

Како што самиот кажа, внукот го наговорил да го стори тоа бидејќи бил заљубен во сопругата на жртвата – тврди извор на српски „Курир“ близок до истрагата.

Како што додава изворот, дедото и внукот му направиле „заседа“ на несреќникот и тргнале по него кога излегол од селото за да ја набере бадникови гранчиња, коишто неговата сопруга подоцна требало да ги продава на улица.

Извор од истрагата тврди дека Н.С.бил убиен со автоматска пушка. Зад себе ги остави сопругата и три деца.

Истрагата на местото на убиството траела речиси 48 часа поради непристапниот терен и густата магла.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.