Српско МВР се огласи за одредени шпекулации за смртта на осомничениот во случајот за убиството на малата Данка.
„Припадниците на МВР, Сектор за внатрешна контрола, по наредба на Вишото јавно обвинителство прибираат информации и ги утврдуваат фактите и околностите под кои во Полициско одделение загина Д.Д., осомничен за убиството на малата Данка во Бор.
Во текот на наведената постапка полициските службеници постапуваат целосно согласно законот и нивните овластувања.
Доколку се утврди дека имало злоупотреби и пречекорувања на овластувањата при постапување со починатиот Д.Д., Секторот за внатрешна контрола ќе поведе соодветни законски мерки против лицата кои го прекршиле законот и полициската етика, а јавноста за тоа навремено ќе биде информирана.
Насловите кои се појавија во некои таблоиди се тенденциозни и неточни и имаат за цел да извршат притисок врз членовите на МВР кои својата работа ја вршат професионално и согласно законот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.