Таткото на момчето-убиец на сослушувањето во Вишото јавно обвинителство во Белград негирал дека сторил кривично дело и детално ја изнел својата одбрана. Се товари за кривичното дело против општа безбедност.

47-годишниот Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето Коста, кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, а кој од 5 мај е во притвор во Окружниот затвор, се товари за кривично дело против општа безбедност, а според соговорник од истрагата тој во еден случај би можел да се најде на слобода.

„Доколку се докаже дека момчето К.К., самото дошло до шифрата на сефот, на пример да го „снимал“ татко му без да знае, во тој случај не е виновен В.К. Само во случај кога момчето да каже – мојот татко ми ја даде шифрата, но и во тој случај треба да се докаже дека ја кажува вистината. Ова е многу тежок случај. Не може да се обвинува дека го запоставил детето, бидејќи имало што да јаде и да облече…“, вели соговорникот за српските медиуми.

Инаку, на сослушувањето во Вишото јавно обвинителство, таткото негираше дека го сторил делото и детално ја изнесе својата одбрана.

Според тогашното соопштение, В.К претходно го тренирал својот 13-годишен син К.К. да ракува со огнено оружје и муниција, со тоа што го водел во стрелачки клуб да вежба гаѓање цел со огнено оружје и покрај тоа што детето има 13 години и таквата активност и обука очигледно не се соодветни за неговата возраст.

Исто така, има сомневање дека В.К постапил спротивно на одредбата од Законот за оружје и муниција и спротивно на член од Правилникот за просторни технички услови за безбедно чување на оружје и муниција, бидејќи не обезбедил услови за безбедно сместување и складирање на оружје и муниција за да не можат да дојдат во сопственост на неовластени лица, односно да бидат заклучени и посебно одделени во сефови, каси или слични ормари кои не можат лесно да се отворат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.