Членките на ЕУ, посебно т.н нови, се почесто посегнуваат по вето кон земјите кандидати. Таков пример беше Грција која се противеше Македонија да ги почне преговорите се додека не го смени уставното име.

Сега истото го прави Бугарија која бара Македонија да прифати дека имаме заедничка историја и оти македонскиот јазик не постои за да ја крене блокадата.

Но, не се само Грција и Бугарија. Такви аспирации покажува и Хратска кон својот сосед Србија. Овие две земји се во затегнати односи уште од деведесеттите години па сега Хрватска се обидува да ја искористи својата позиција да наметне прашања кои се во нејзин интерес. Најпрво беше ликот и делото на научникот Никола Тесла за кој двете земји сметаат дека е нивен, а сега пак меѓу Загреб и Белград стојат прашањата од Втората светска војна.

Конкретно, Хрватска се закани дека ќе ја блокира Србија затоа што српските власти им ја дале на Израел целата документација за злосторствата на усташите во времето на НДХ.

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин нагласува дека не е проблем што тоа злосторство се случило, туку што Хрватите немаат храбост да се соочат со НДХ и да признаат дека тоа било политика на еден цел народ и дека од тоа мораат да се оградат.

Ако мораме да ги премолчиме фашистичките ужаси во НДХ за да влеземе во ЕУ можда и не мораме во таа Европска унија.Јас во ЕУ не сакам да одам преку коските на своите претци. Ако патот кон ЕУ е лечење на хрватскиот комплекс мораме добро да размислиме дали сме за ЕУ-смета минитерот за полиција.

Како што пишува „Новости“ на Израел му се дадени 162.000 страници за прогонот и страдањето на Евреите во логорот Јасеновац во Хрватска за време на владеењето на усташите на Анте Павелиќ.

Хрватите се повикуваат на некаков Анекс за сукцесија според кој Србија требало да ги даде на властите во Загреб оригиналните архивски документи.

Покрај ова, Хрватска и Србија имаат многу нерешени прашања како што е заедничката граница која не е исцртана, враќање на протрераните Срби како и нивните имоти.
Хратска вешто ги одбегнува овие прашања и се заканува со вето за Србија која веќе е длабоко навлезена во преговорите.

Пред да се реши спорот со Грција и Македонија бараше враќање на имотите на протераните Македонци во Грција но тогашните власти не сакаа ни да слушнат и ги упатуваа правата да си ги бараат во Стразбур. Пресудите во Судот за човекови права не им се од голема корист на Македонците во Бугарија кои не можат да регистираат партија ниту пак имаат некакво право на здружување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.