Тригодишно дете денеска паднало од прозорецот на зградата на аголот од улиците „Кнез Данилова“ и „Станоје Главаш“ во Белград, дознава „Блиц“.

Брзата помош го однела детето кое давало знаци на живот. Моментално се наоѓа на Ургентно и се здобило со тешки телесни повреди.

– Не се знае што се случило. Прва помош на детето му пружиле случајни минувачи, но и дежурни медицински лица од блискиот здравствен дом, додека не дошла брзата помош и не го однела – изјави за „Новости“ очевидец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.