Премиерот на Бугарија Кирил Петков и претставници на политичките партии од владејачката коалиција остварија средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, соопшти бугарската владина служба за информирање.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во фокусот на разговорот биле резултатите што ќе ги постигне Бугарија со Планот за закрепнување и одржливост, кој се фокусира на зелената транзиција и дигиталната трансформација, одржливиот раст, социјалната кохезија, одржливоста и европското финансирање за остварување цели во име на бугарските граѓани.

Учесниците на состанокот го поздравија фактот што финансирањето на проектите од Планот ќе се реализира по реформите во клучните сектори за Бугарија како што се енергетиката, владеењето на правото и транспортот.

Акцент е ставен и на антикорупциските реформи во Бугарија од страна на владејачката коалиција.

Урсула фон дер Лајен на аеродромот во Софија беше испратена од Цветан Ќуланов, в.д Шеф на претставништвото на Европската комисија во Бугарија и вицепремиер за фондови на ЕУ и министер за финансии Асен Василев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.