Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко му се закани на српскиот претседател Александар Вучиќ „да се подготви за бегство во Русија”.

За секој случај земете си билет за Ростов. Можеби наскоро ќе ви се најде – му препорача Гончаренко на Вучиќ на социјалната мрежа Телеграм.

Закана од Украина на адреса на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на српскиот народ пристигна и пред два дена.

Украина, заедно со Хрватска, ќе му се одмаздат на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговите изјави за специјалната операција – изјави пратеникот на Врховната рада на Украина, Алексеј Гончаренко на Телеграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.