Деветнаесетгодишната  Ј.М., која е осомничена дека превезувала дрога за препродажба, е средношколка и повремено држи часови по тенис, соопштија српските медиуми. Дополнително, откриваат дека нејзиното момче, со кого живее, е ММА тренер.

Станува збор за тинејџерка која на 12 март годинава со автомобил „смарт“ отишла на Копаоник и од непознати лица презела црна патна торба во која имало вкупно 8,5 килограми марихуана спакувана во 20 пакувања и ја ставила во багажникот. На совозачкото седиште се наоѓала малолетничка, против која е се води одделна постапка.

При враќањето во Белград, осомничените биле запрени од српските полициски специјалци и уапсени.

Тинејџерката денеска на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Белград се бранеше молчејќи.

Обвинителството и предложило притвор до 30 дена за да не го повтори делото за краток временски период.

Таа се товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.