Масовниот убиец од Младеновац, Урош Б. (21) е донесен во полициската станица во Смедерево.

Како што јавуваат српските медиумите, тој бил донесен толку доцна во станица бидејќи на полицијата морал да и покаже каде ја сокрил пушката со која го извршил масакрот. Доцна синоќа тој усмрти осум, а рани 14 лица.

Урош бил однесен во полициска станица под силно полициско обезбедување. На себе имал чорапи и бел скафандер без облека под него.

Како што претходно соопшти српското МВР, во неговото апсење, кое се случи утринава, учествуваа 600 полициски службеници од повеќе полициски единици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.