Неколку турски извори известуваат дека Турција наесен може да ја преземе командата на меѓународните сили на Косово  – КФОР, со коишто во моментов командува Италија.

За одлуката се разговарало долго време, но според турските власти, таа дури сега е конечно донесена.

Пред некој ден Турција го засили својот контингент на Косово со испраќање војници од 65-та механизирана бригада во регионот.

Турција беше една од првите дртжави што ја признаа независноста на Косово, барајќи нови признавања од други земји, лобирајќи за нејзин влез во меѓународните организации, вооружување и модернизирање на косовските „безбедносни сили“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.