По средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, побарал оставка од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кого го нарекол „премиер на прислушувањата“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Ципрас рекол дека се сретнал со Сакеларопулу за да ја изрази неговата загриженост за „прекршувањето на владеењето на правото“, а во изјавата за медиумите по средбата посочил дека „податоците од Службата за заштита на приватност на комуникациите (АДАЕ) потврдуваат дека Националната служба за разузнавање која е во одговорност на премиерот под изговор дека станува збор за национална безбедност ја прекршила приватноста на комуникациите и прислушувал разговори на политичари, припадници на војската, новинари, раководството на вооружените сили“.

Паралелно истакнал, според АНА-МПА, дека „премиерот на прислушувањето мора да преземе одговорност и да поднесе оставка“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.