Нова семејна трагедија го тресе Балканот, откако вчера во Тузла, Босна и Херцеговина, маж се самоуби скокајќи од зграда, откако претходно ги убил сопругата и двете деца.

Истражни тимови на полицијата и на обвинителството се на терен.

Синоќа околу 21 часот и 15 минути сопругот и татко на децата се самоубил скокајќи од зграда во истата населба. Во моментов се утврдуваат сите околности поврзани со овие настани, изјави портпаролот на Обвинителството на ТК, Адмир Арнаутовиќ.

Според информациите на локалниот портал „Кликс“, М.Ч. е мажот кој се самоуби скокајќи од 14 спрат. Тој бил вработен како медицински техничар во Германија, а во Тузла пристигнал пред неколку дена.

Според Дневни Аваз децата биле на возраст од 2 и 9 години. Порталот објави снимка од зградата каде се случи трагедијата:

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.