Тело на тригодишно дете е извлечено од Егејско Море, две недели по несреќите што се случија во тој реон, а во кои учествуваа бродови со мигранти.

Телото е пронајдено во близина на островот Наксос, а властите доцна синоќа процениле дека жртвата е висока 85 сантиметри, на околу три години, пренесе АП. Телото ќе биде пренесено во Пиреја за вештачење.

Во четвртокот беа пронајдени уште четири тела – маж, жена и две девојчиња, три во близина на Наксос и едно во близина на островот Парос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.