Откако во српските и хрватските медиуми се појави информација дека исчезнатиот сплиќанец, Матеј Периш, последен пат комуницирал со пријателка, спиќанка која го организирала дочекото во Белград и која на кобната ноќ била во српоската престолнина, таткото на Матеј изјави дека тој се сретнал со таа девојка.
Ненад Периш, изјави вели дека имал кераток разговор со девојката, која му кажала дека имала пропуштен повик од Матеј, но тоа било пред да се изгаси сигналот на неговиот мобилен телефон.
Таа ми кажа дека вечерта Матеј се обидел да стапи во контакт со неа затоа што видела дека има пропуштен повик од него. Јас ја сретнав пред седиштето на белградската полиција пред десетина денови. Тоа беше случајна средба и таа тогаш ми кажа дека не се слушнала со Матеј, но дека имала пропуштен повик од него. Но тоа било 23 часа порано, кога тој бил поврзан на Вифи мрежа и кога била забележана неговата поледна активност на Ватсап – вели Ненад Периш за „Јутарњи“.
Таа девојка, кој била еден од организаторите на патувањето во Белград, го познавала Матеј долго време, како и нејзиниот брат, кој не бил дел од друштвото со кое Матеј бил во Белград.
Затоа што таа била во Белград, Матеј веројатно се обидел да стапи во контакт со неа – претпоставува Ненад Периш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.