Таткото на исчезнатото девојче Данка Илиќ, Милош Илиќ, положил полиграфски тест.
Двегодишната Данка Илиќ исчезнала во вторникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и била врзана во опавче.
Девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.
Две специјалистички спасувачки екипи од урнатините од Белград и Нови Сад, од Одделението за вонредни состојби на МВР, синоќа пристигнаа во Бањско Поље кај Бор и рано утринава започнаа детално пребарување на просторот околу куќата од каде девојчето исчезнало во вторникот.
-Екипите ги сочинуваат 18 пожарникари-спасувачи со пет теренски возила и едно куче спасител, соопшти денеска МВР.
Припадниците на МВР во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување, а на местото на настанот утрово пристигна и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.
Поради исчезнувањето на Данка Илиќ, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.