Вук Бориловиќ (34) од Цетиње, кој во петокот уби десет соседи, по што беше застрелан од Ненад Калуѓеровиќ вчера беше погребан во строга тајност на тајна локација.

Во меѓувреме, сопругата и трите ќерки, кои биле на море во Херцег Нови во моментот на злосторството, биле однесени на тајна, безбедна локација, со полициска заштита поради страв од крвна одмазда!

 

Семејството на Вук е неутешно, ги разбирам, тие не го направија тој масакр, но цел живот треба да го носат тој крст на срамот и тагата. Здравиот разум не може да го направи тоа што го направи Бориловиќ-изјави нивниот сосед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.