Едно лице загина, а најмалку две се повредени во невремето, пропратено со грмежи, силен дожд и ветер, што во средата попладне зафати многу делови на Србија.

Триесетгодишен маж загина во село под планината Јастребац во југоисточна Србија, кога гром удрил во тракторот на кој се возел заедно со колега кога се враќале од работа. Тој загинал при превртување на тракторот, а уште еден маж со тешки повреди е пренесен во болницата во Прокупље.

Во невреме, пропратено со силен дожд и ветер, една жена е полесно повредена во Крагуевац кога врз неа паднал дел од лимен покрив, кој под налетите на ветерот паднал од една од околните згради.

Силниот ветер кршеше и корнеше дрвја во некои предградија на Белград и во Нови Пазар, а оштетени се десетици автомобили, јави Радио телевизија на Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.