Американскиот Стејт департмент соопшти дека сака брзо финализирање на „взаемното признавање“ меѓу Белград и Приштина. Оттаму додаваат дека не е можно да се одреди конкретна временска рамка за тоа.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, во обраќањето во име на државниот секретар Ентони Блинкен, истакна дека официјален Вашингтон сака „Предлогот на ЕУ – Договорот за нормализацијата на патот меѓу Косово и Србија“ на крајот да резултира со „взаемно признавање“.

Следната рунда преговори меѓу делегациите на Србија и Приштина е закажана за 18 март во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.