Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека Приштина може да побара правно мислење од Венецијанската комисија во врска со нацртот на Заедницата на српските општини (ЗСО), но оти не треба да го одложува исполнувањето на обврските во врска со формирањето на ЗСО.

Како што пренесува Политика, тој ова го рече во врска со изјавата на приштинскиот премиер Албин Курти дека специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак треба да поднесе нацрт за ЗСО до Венецијанската комисија и оти тој нацрт потоа ќе го достави до Уставниот суд.

Стано за „Газета Експрес“ изјавил дека вклучувањето на Венецијанската комисија не е предвидено како дел од бриселските договори од 2013 и 2015 година за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).

Според него, официјален Брисел и земјите од Квинтата јасно ставиле до знаење дека очекуваат Приштина да го испрати нацртот на ЕУ до Уставниот совет на евалуација и нагласи дека ЕУ очекува Косово брзо да реагира по ова прашање и да стави крај на понатамошните одложувања во исполнувањето на своите обврски.

– Очекуваме дека Косово брзо ќе реагира по ова прашање и ќе престане со дополнително одложување на исполнувањето на обврските, изјави Стано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.