Српските ученици од 12 до 21 февруари повторно ќе бидат а распуст, одлучија образовните власти, јавуваат српските медиуми.
Министерот за образовиание Бранко Ружиќ, донел одлука за измена на календарот на образовно-воспитна работа за основните и средните училишта.
Врз основа на тоа неработни денови за учениците ќе бидат 17 и 18февруари,а со оглед на тоа што 15 и 16 се државен празник и се неработни, учениците ќе останат дома девет дена од 12 до 21 февруари.
По бројни консултации и по согледување на целокупната ситуација и предвидувања дека пикот на овој бра на вирусот се очекува кон средината на месецот донесов одлука за продолжување на распустот. Учениците со спојување на викнедот, државниот празник и дополнителни два дена ќе имаат вкупно девет слободни дена. Првиот работен ден ќе биде понеделник, 21 февруари, рече министерот.
Министерот вели дека како и претходно, училиштата се безбедни поради примената на епидемиолошките мерки, а бројот на заразени ученици и наставници може да се толерира.
Апелираше до учениците и до вработените во образовниот систем, во рекот на распустот да бидат одговорни кон себеси и своите најблиски и да ги почитуваат пропишаните правила за да не дојде до нови зарази.
Поради тродневното продолжување на есенскиот распуст во првото полугодие, како и поради овие два дена, школската година ќе биде продолжена, па место на 21 јуни, ќње заврши на 24 јуни.
До распустот учениците продолжуваат да учат комбинирано, односно од прво до четврто посетуваат настава во училиште, а постарите основци и средношколците се менуваат во училиште и онлајн.
Според податоците од Институт за јавно здравје во неделата од 27 јануари до 2 февруари бројот на заболени деца со Ковид-19 од 6 до 18 години изнесува 4.935.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.