Повеќе илјада преставници на десничарските партии и движења се собраа вечерва на протест испред Храмот на Св.Сава во Белград, од каде се упатија кон седиштето на претседателот Алексадар Вучиќ. Протестот го организираа движењето Двери, Нова ДСС, ПОКС и Заветници против прифаќањето на европскиот план за нормализација на односите со Косово, под името „Србија памети, брани, не дава“, јави дописникот на МИА од Белград.

Граѓаните го носеа и повеќеметарското знаме на Србија, носеа запалени факели и скандираа „Косово, Србија“ и „Косово не го давеме“.

Протестот претставува, како што наведуваат организаторите, „надпартиско патриотско обединување“ на сите кои се против договорот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Насобраните имаат три барања – да се отфрли европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Вучиќ да поднесе оставка и веднаш да се распишат избори.

Протестот се одржува пред најавеното заминување на српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид за да ги продолжи разговорите со косовскиот премиер Аљбин Курти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.