Австриската полиција уапсила осум членови на криминална организација, претежно составена од српски државјани, под сомнение дека со фалсификување уверенија за плаќање ги измамиле дилерите на автомобили за закуп за повеќе од 3,5 милиони евра.
Најголем број од измамниците живееле во Виена, но измамите ги правеле ширум Австрија.
Тоа е организиран криминал, постоела хиерархија во организацијата – објаснува шефот на полицијата на Горна Австрија, Готфрид Мајтерленер, пренесе „Телеграф“.
Членовите на бандата во Австрија носеле невработени, питачи и бездомници од Источна Европа, им нуделе храна и облека, а потоа по работата ги враќале во родната земја. Нивната задача била преку фалсификувана изјава за висината на заработката на измама да земат автомобил на лизинг, а потоа членовите на бандата потоа го одјавувале и го ставале на продажба.
Се пријавувале на адреси во Виена, а потоа со фалсификувани изјави изнајмувале луксузни автомобили. На тој начин за кратко време склучиле голем број договори. Кога невработените ја завршиле работата во Австрија, членовите на организираната банда главно ги враќале во матичната земја без ветениот надомест – објаснува истражителот Доминик Вилдбергер.
Измамниците потоа ги проверувале автомобилите и ги продавале преку Интернет.
Намерно по малку ги оштетувале возилата за што побрзо да ги продадат за помалку пари. Сите автомобили чинат од 20.000 до 120.000 евра – објаснува истражителот.
На овој начин успеале да склучат повеќе од 70 зделки со што овие фирми ги оштетиле за повеќе од 3,5 милиони евра.
Овој клан бил наречен „Сокол Ролекс“ поради големата љубов на членовите кон овие скапоцени часовници.
Досега ширум Европа се запленети 26 автомобили. Купувачите кои ги купиле овие луксузни автомобили на чесен начин, морале да ги вратат и веројатно никогаш повеќе нема да ги видат своите пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.