Меморандум за разбирање меѓу ЕУ и Србија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила беше потпишан денеска во Белград меѓу Србија и ЕУ во присуство на српскиот претставник Александар Вучиќ и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Меморандумот за разбирање за критичните суровини меѓу ЕУ и Србија беше потпишан во Палатата на Србија од страна на српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и потпретседателот на Европската комисија и европски комесар за меѓуинституционални односи и стратешко предвидување Марош Шефчович.

На потпишувањето присуствуваа и амбасадорите на Италија Лука Гори, на Германија Анке Конрад и на САД Кристофер Хил, како и министри во Владата на Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.