Урош Б.(21) денеска бил сослушан во Вишото јавно обвинителство во Смедерево каде го признал делото за кое се товари. Како што објавија дел од српските медиуми, 21-годишното момче признало дека го извршило масакрот, наведувајќи дека со автоматска пушка и пиштол пукал во неколку лица кои не ги познавал на три локации во областа Смедерево и Младеновац. Според неговите зборови, тоа го сторил, со цел да се заплаши населението од споменатите населени места.

Урош Б. е обвинет за убиство на осум лица и обид за убиство на уште 12 во текот на ноќта на 4-ти мај.

По распитот, Вишото јавно обвинителство Смедерево побарало од судот да му одреди притвор, што судот го прифатил. Имено, постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.