Работните групи на Владата на Црна Гора и на Српската православна црква начелно ја усогласиле работната верзија на Темелниот договор.
Од Кабинетот на црногорскиот премиер објавија соопштение во кое се наведува дека работната верзија ќе оди натаму кон работните тела на владата, согласно вообичаената процедура.
Како што ветивме, за да се постигне целосна транспарентност, текстот наскоро ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Владата на Црна Гора – се наведува во соопштението од Кабинетот на црногорскиот премиер.
Премиерот Дритан Абазовиќ денеска е во прва официјална посета на Србија, каде што ќе има серија средби со претставници на политичкиот и државниот врв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.