Поранешната прва дипломатка на САД и експерт за меѓународна политика, Медлин Олбрајт почина во 84 година од животот, по долго боледување од рак, соопшти нејзиното семејство.

Медлин Олбрајт беше именувана за државна секретарка во 1996 година од тогашниот претседател Бил Клинтон, функција која ја извршуваше четири години.

Во тој период, таа беше највисоко рангирана жена во историјата на владата на САД. Не беше во можност да се кандидира за претседател на државата затоа што беше родена во Чехословачка.

Која е Олбрајт приватно?

Олбрајт е родена како Марија Јан Корбелова во Прага на 15 мај 1937 година.

Со цел да избегнат прогон и да се заштитат себеси, родителите на Медлин Олбрајт се преобратиле во римокатоличката вера, во која таа самата била израсната и образувана. Таа тврди дека за своето еврејско потекло дознала дури кога пораснала, иако тоа е детал од нејзината биографија во кој многумина не веруваат.

Јозеф Корбел, таткото на Олбрајт, бил аташе за печат во чехословачката амбасада во Белград, па Марија Јана првата година од животот ја поминала во главниот град на Југославија.

Бидејќи се плашела од комунистичката индоктринација, татко ѝ не ја пратил во југлословенските државни училишта, туку ја учеле гувернантите, а малку подоцна ја испратил во интернат за девојки во Женева. Тогаш таа официјално го променила името во Медлин, француската верзија на чешкиот прекар Медлин, кој ѝ го дала нејзината баба.

Олбрајт се школувала во Швајцарија и Денвер, а подоцна студирала политички науки на колеџот Велсли во Масачусетс. Таа стана американски државјанин во 1957 година. По дипломирањето во мај 1959 година, се омажи за новинарот од Чикаго Џозеф Олбрајт.

Имале три ќерки, близначките Ана и Елис и Кејти. Близначките се родиле шест недели пред терминот, па за да ги одврати мислите од тој проблем, младата политичарка се запишала на курс по руски јазик и течно го научила во тие шест недели.

Докторирала на Универзитетот Колумбија, студирајќи паралелно со воспитувањето на децата. Во 1982 година Олбрајт се развела бидејќи Џозеф си нашол друга жена, наводно Србинка.

Оттаму потекнува нејзинота патолошка омраза кон Србија и Србите иако таа живееше во Белград кога нејзиниот татко бил дипломат на Чехословачка.

Таа се залагаше за бомбардирање на Србија. Таа повремено ги нарекуваше Србите „одвратни“, но и „извонредни луѓе со значајна историја“.

„Одвратни Срби“, се зборовите со кои Медлин Олбрајт ги почести активистите на чешкото здружение „Прашка пролет“, кога под нејзиниот нос ставија фотографија од жртвите од бомбардирањето на НАТО во 1999 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.