Слушнавме заглушувачки звук, огнена топка се приближува до земјата. Ја видовме експлозијата, но бидејќи во исто време имаше затемнување, не можевме да видиме ништо друго…

Со оваа фраза Софија, мајка на три малолетни деца, од Антифилипос во Кавала, ги опишува првите моменти по паѓањето на авионот „Антонов Ан-12“ во областа, пренесува „Катимерини“.

Работите можеа да бидат полоши. Бевме во паника… За нас вакво нешто е без преседан – вели та, излегувајќи од селската црква по неделната утринска богослужба.

Ненаспан цела ноќ, од агонијата што ја доживеал во моментот на падот на авионот на помалку од еден километар од неговиот дом, 80-годишниот Михалис Емануилидис седел на тремот кога, се случил падот.

Видов блиц, слушнав многу силна бучава и постепено бум-бум бум…

 

Да паднеше малку поблиску, ќе беше на нашата куќа. Од шокот не спиевме воопшто цела ноќ – нагласува тој, велејќи сè уште не може да поверува што се случило.

Стаматис Куртезис, кој одржува киоск во Антифилипои, бил еден од првите кои заедно со некои други жители од областа пристигнале на местото на несреќата, речиси истовремено со првата противпожарна единица. Како што вели, тие заминаа штом надлежните органи го побарале тоа од нив.

Ми гореше грлото… Од вревата помисливме дека е хеликоптер. Ги вртиме главите и гледаме светлина, тоа беше запаленото летало – вели Куртезис, кој првата експлозија ја опишува како „печурка од чад“.

Во соседното село Палеохори, Христос Цолакидис јадел надвор со група пријатели кога слушнал силен звук.

Видовме пламен на небото, како губи висина и паѓа… – вели тој и раскажува дека два часа слушале непрекинати експлозии, додека недефиниран силен мирис ја покривал атмосферата.

Местото каде се урна авионот е претежно рурална област каде се одгледуваат пченка и семки од сончоглед. Жителите на Антифилипи главно се занимаваат со земјоделска работа и сточарство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.