Во Њујорк денеска почна седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации на која ќе биде претставен шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК на Косово.
На седницата на Советот за безбедност на ОН се случил скандал кога претседателката на Косово, Вјоса Османи донела силувани жени за да сведочат за наводните српски злосторства, пренесуваат српските медиуми.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во говорот пред Советот за безбедност на ОН, истакна дека Приштина го укина динарот на Косово и Метохија, што е кулминација на продолжената етнички мотивирана кампања против Србите и другите неалбанци.

Потезите на властите во Приштина ги засегаат сите подеднакво, без разлика на возраста и полот, а се во рамките на шовинистичката агенда насочена кон создавање на Голема Албанија – рече Вучиќ.

Тој посочи дека извештаите на УНМИК за состојбата на Косово се „површни“ и изнесе детали.

Наместо да биде санкциониран, режимот на Курти постојано беше наградуван. Во исто време, имаше постојана репресија, имаше 16 напади, пукање, заплашување на сè помалиот број на повратници. Насилно отстранување од страна на полицијата на табли со имиња на српски јазик. Континуираните напади во рамките на кампањата за прогон на Србите се продлабочија, прогонителите на Србите конфискуваа големи количества медицински материјали во Зубин Поток. На УНМИК му недостига прецизност за настаните од овој период. Нивните извештаи се површни и затоа моја должност е да добијам подетален увид во ситуацијата- рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.