Во сите судови во Сараево во тек се полициски увиди поради дојава дека во еден од нив била поставена бомба.
Во тек се увиди во Уставниот, Врховниот, Општинскиот и Кантоналниот суд, како и во Судот на Босна и Херцеговина, бидејќи не се знае за кој од тие судови се однесува дојавата, па сите се евакуирани.
Непознато лице денеска телефонски се јавило да пријави дека поставило бомба кај ‘судот во Сараево’. Со оглед на тоа што не е прецизирано за кој суд се работи, сите судови се евакуирани, се обезбедуваат зградите и се вршат контрадиверзантски увиди, потврди полициски портпарол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.