Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска пристигнува во Белград, каде ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Мишел ќе го посети Научно-технолошкиот парк со Вучиќ и со премиерката на Србија Ана Брнабиќ, каде ќе присуствува на потпишувањето на заедничкиот проект за поддршка на истражувањето, иновациите и претприемништвото во Србија. Проектот е финансиран од ЕУ која на Србија ќе и донира 41,5 милиони евра и Светска банка која ќе позајми 43 милиони евра. Мишел потоа ќе се сретне со Вучиќ. Тој од Белград ќе отпатува за Босна и Херцеговина, а потоа за Албанија.

Пред посетата на регионот, Мишел нагласи дека процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан треба да биде поефикасен и подинамичен и оцени дека „решението може да лежи во прогресивна и постепена интеграција, веќе во текот на пристапниот процес”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.