Веќе 25 дена ни трага, ни глас од Маријана Зајферт, позната по победата во „Големиот брат“ во 2011 година.

Имено, Маријана Зајферт (Чврљак) исчезна на 27 април во Загреб и оттогаш активно се трага по неа. Семејството сега се сомнева дека таа можеби имала слична судбина како Матеј Периш, младото момче од Сплит, кое исчезна во ноќта пред Нова година, а чие тело неодамна беше пронајдено во Дунав и пред два дена беше испратено во Хрватска.

Сестрата на Маријана, Маја, открива дека семејството тешко ја поднесува неизвесноста и се во исчекување барем на некоја вест за настанот. Вели дека е збунета и дека немаат нови информации.

Никој ништо не знае. И понатаму се трага за Маријана, се пребарува реката со оглед на тоа дека таму се пронајдени нејзините лични работи. Големо страдање и агонија, тешко ми е да кажам нешто разумно. Немаме никаква информација. Родителите се во катастрофална состојба, целото семејство е скршено, вели Маја.

Додава дека семејството се сомнева дека Маријана ја има истата судбина како и Матеј.

Целото семејство очекува некои вести, па макар и да се најде на начин на кој е најден и Матеј. Само да откриеме конечно нешто. Тешко ми е да зборувам. Нашиот заклучок во моментов е дека се случило нешто слично како што му се случило на Матеј, вели сестрата на Маријана.

И нејзиниот сопруг Карло Зајферт побара помош од сограѓаните преку социјални мрежи.

Исчезна во текот на ноќта, без да остави некаква порака и индикации дека може да ја напушти куќата. Се надевам дека Маријана ќе биде пронајдена и цврсто верувам во тоа. Само да знаев каде е… Никој немаше да биде посреќен од мене ако дојде дома вечерва, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.