Кипар е меѓу првите европски земји кои имаат висок процент на жени во полицијата, објави кипарската новинска агенција ЦНА.

Во просек, 25 отсто од персоналот во полицијата се жени – изјави помошник директорката на Одделот за борба со криминал на Кипар Киријаки Ламбрианиду.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на настан посветен на Меѓународниот ден на жената, како и на жените во полициските сили, Ламбрианиду ги презентирала податоците од Евростат, истакнувајќи дека во Европа просечниот број на жени полицајци е 18 проценти, а на Кипар таа бројка достигнува до 25 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.