Туристички брод со 82 патници се запали на грчкиот остров Родос.

Патниците се спасени и се на брегот.

Во тек е голема мобилизација на службите поради пожарот.

На лице место има и две возила на Брзата помош, а за инцидентот биле известени и Капетанијата на пристаништата и Противпожарната служба.

Првите извештаи покажуваат дека 82-та патници немаат сериозни повреди, бидејќи повеќето од нив го напуштиле бродот скокајќи во морето оти бил многу блиску до брегот, пренесува „Skai.gr“.

Како мерка на претпазливост, спасувачите кои се таму од првиот момент им пружаат прва помош на патниците.

На местото на настанот е испратен противпожарен хеликоптер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.