Српскиот Институт за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денеска соопшти дека кај 14 лица во Смедерево се потврдена мали сипаници.

Станува збор за десет невакцинирани лица (под две години) и четири возрасни лица со непознат и нецелосен статус на вакцинација (вработени во здравствена установа, трудници). Кај две заболени деца има компликации во форма на пневмонија, хоспитализирани се две лица. Примените во болница и тие кои се во домашна изолација се во стабилна состојба, се наведува во соопштението од Институтот.

Епидемијата на мали сипаници во Смедерево беше пријавена на 12 јануари годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.