Момче (19) почина откако беше тешко повредено во несреќа во Луна паркот во Пефкохори, на Халкидики.
Младиот човек дошол со семејството на Халкидики и сите заедно отишле во забавниот парк да се забавуваат. За жал, забавата тргнала наопаку кога му се откачило столчето од вртелешката. Според Катимерини, столчето се откачило кога операторот на забавниот парк ја зголемил брзината на движење.
Сопственикот е уапсен, а полицијата трага по операторот.
Набрзо на лице место пристигнала брза помош и младиот човек веднаш бил пренесен во болница, но не бил спасен.
Тој бил прогласен за мртов набргу по приемот.
Полицијата го уапсила сопственикот на забавниот парк, а истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.