Каде е телото на Данка Илиќ? Ова прашање се поставува веќе месец и половина откако е откриено дека двегодишното девојче е убиено, но до ден денес нема одговор. Како што пренесуваат српските медиуми  постои сомневање дека само едно лице знае каде е телото на девојчето, а тоа е Радослав Драгијевиќ, таткото на Дејан Драгијевиќ, кој призна дека ја убил.

“Тој покажува највисоко ниво на интелигенција и лукавство. Набрзо откако беше уапсен, го смени адвокатот и се чини дека мисли само на својата одбрана. Затоа, постои сомневање дека тој е клучот за пронаоѓање на телото на девојката”, вели истрагата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.