Поранешниот руски амбасадор во Хрватска, Анвар Азимов, вели дека жали за одлуката на хрватската влада со која осумнаесет руски дипломати и шестмина администратори во амбасадата на Руската Федерација во Загреб имаат два дена да ја напуштат Хрватска
Азимов го нарече таквиот хрватски потег „драматична одлука“.
Сигурен сум дека одлуката е донесена под притисок на Брисел, бидејќи Хрватска е една од последните земји во Европската унија што донесе таква одлука. Тоа покажува дека не било лесно да се одлучи така – изјави Азимов за хрватската РТЛ.
Тој вели дека Русија ќе возврати со иста мерка, а во Москва има само пет хрватски дипломати и седум административци.
Жал ми е, но повеќето хрватски дипломати ќе мора да ја напуштат мојата земја. Но, не, нема да ја затвориме амбасадата – вели Азимов.
Тој додаде дека очекува „Хрватска да ја поддржи Русија во борбата против нацистите“.
Верувам во мудроста на вашата влада и на вашиот почитуван министер за надворешни работи Радман, кого многу го почитувам, кој е голем професионалец и голем пријател на Руската Федерација – изјави Азимов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.