Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС е избран за претседател на новиот бугарски Парламент, со 136 гласа „за“ и 94 воздржани. Никој не гласаше против, јави БТА.

Другата номинација за претседател на Собранието ја предложи „Преродба“ – Петар Петров, но тој доби само 36 гласа „за“, 59 против и 139 воздржани.

Росен Желјазков е роден на 5 април 1968 година во Софија.

На 5 декември 2014 година, тој беше назначен за советник на премиерот Бојко Борисов за прашања од административни реформи и воведување електронска влада.

На 20 септември 2018 година беше избран од Парламентот како министер за транспорт, информатичка технологија и врски и оваа функција ја извршуваше до 12 мај 2021 година.

Росен Желјазков беше пратеник во Парламентот – 2021 – 2022.

Во октомври 2022 година, тој беше номиниран од коалицијата ГЕРБ-СДС за претседател на 48-то Народно собрание, но не беше избран бидејќи „Продолжуваме со промената“ не го поддржаа неговиот избор.

На 11 април 2023 година, на состанокот со пратениците на ГЕРБ во седиштето на партијата во Софија, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, објави дека коалицијата ГЕРБ-СДС ќе го предложи Росен Желјазков за претседател на 49-то Национално собрание.

Двете коалиции во Бугарија, кои имаа најмногу освоени гласови на предвремените парламентарни избори од 2 април, „ГЕРБ-СДС„ и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) вчера се договорија Желјазков да биде избран за претседател на Собранието.

За негов избор беа потребни најмалку 121 глас. ГЕРБ-СДС има 69 по последните предвремени парламентарни избори на 2 април 2023 година.

Двете политички коалиции договорија заедничка законодавна програма, како и изборот на претседателот на Народното собрание и правната комисија да биде врз ротациски принцип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.