Во Романија повторно серизоно се разгледува прашањето за развој на полиња за природен гас во Црното Море. Енергетските компании ОМВ Петром и Ромгаз планираат инвестиции до 4 милијарди евра во проектот Нептун Дип, кој ќе произведе околу 100 милијарди кубни метри природен гас за десет години.

Извршниот директор на Ромгаз, Разван Попеску, понуди гас за извоз во целиот регион, вклучително и Молдавија, чии власти во последно време се обидуваат да ја намалат зависноста од руски Газпром.

За наоѓалишта на енергетски ресурси во Црното Море, во Министерството за енергетика на Романија, првпат се разговараше во мај минатата година.

Романија ќе произведува повеќе гас отколку што троши и ќе го извезува во Бугарија, Грција, Унгарија, но пред се во Молдавија“, вети тогаш Попеску.

Проектот за истражување и производство на јаглеводороди во Романија почна пред неколку години од австриската ОМВ Петром и американскиот Ексон Мобил. Сепак, по првичните испитувања, проектот беше оценет како економски нецелисходен, а производството на гас од Црното Море непрофитабилно, на што влијашепе и локалното законодавство.

Конечната одлука за инвестирање беше одложена, а Американците почнаа да бараат некој да го преземе нивниот удел (50%) во полето на Нептун. Романската државна енергетска компанија Ромгаз минатата година се согласи да купи акции за 1,06 милијарди долари, а како дел од конзорциумот со ОМВ Петром вети дека ќе обезбеди „енергетска сигурност“ за цела Европа.

Романија го зазема второто место на листата на земји-членки на ЕУ кои самостојно произведуваат природен гас. Земјата произведува околу 10,5 милијарди кубни метри гас годишно, а најголемиот дел го произведува на копно. Истовремено, троши околу 12 милијарди кубни метри, односно за разлика од соседите во источна Европа, земјата е практично независна од увоз.

Површината на романските полиња е 22 илјади квадратни километри, а под Црното Море, наводно, лежат од 170 до 200 милијарди кубни метри неоткриени резерви – и теоретски, тие можат да се експлозтираат до 2040 година. Самото поле Нептун се проценува на 50 милијарди кубни метри вели романскиот министер за енергетика. Сепак, во споредба со копненото дупчење, морските проекти се многу поскапи и вклучуваат долгорочно планирање. Покрај тоа, тие носат голем број специфични ризици, особено во првата фаза на истражување.

Романскиот национален ГТС е дизајниран во 60-тите години на минатиот век и теоретски е дизајниран за испораки на сино гориво кои се трипати повисоки од денешните волумени. Но, Романија сè уште нема развиена инфраструктура за производство, транспорт, подземно складирање и дистрибуција. А, планот за модернизација на мрежата за пренос на гас е дизајниран за период до 2027 година.

Во случајот со Молдавија и нејзиното напуштање на гасот од Русија преку гасоводот Јаши-Унгени-Кишињев, за кој романските власти имаа намера да понудат алтернатива, тој беше пуштен во употреба во октомври 2021 година. Овој гасовод може да транспортира 6,5 милиони кубни метри гас дневно, што теоретски ги покрива потребите на Молдавија, со исклучок на Придњестровје. Сепак, засега нема начин како да се напушти руската испорака на природен гас по атрактивни цени, а, засега, на ниво на разговор останува и снабдувањето со романски гас за целиот регион.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.