Водителката и уредничка на емисијата „Уранка“ на српската К1 телевизија, Јована Јоксимовиќ и лидерот на движењето “Ослободување“, Млаѓан Ѓорѓевиќ утрово имаа бурна расправија во програмата која течеше во живо, по што гостинот беше избркан од студитиото.
Нервозата почна кога Ѓорѓевиќ за претседателот на Србија и СНС, Александар Вучиќ, рече дека е предавник, на што Јоксимовиќ му посочи дека не е во ред да се зборува за луѓе кои не се присутни во студиото.
Па, не е тој човек кој не е тука, тој е човек што е и во фрижидер, и во чаша, тoj e во сè што живееме, рече Ѓорѓевиќ видно изнервиран.
Јоксимовиќ му одговори дека можеби е таква ситуација кај него, „но кај мене навистина не е“, па Ѓорѓевиќ продолжи да сугерира и на начинот на кој таа и нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ ја купија телевизијата К1.
Треба да се засрамите, му рече Јована Јоксимовиќ.
Ѓорѓевиќ ѝ одговори дека таа треба да биде таа која треба да се засрами, бидејќ е дел од „системот кој ја уништува оваа земја“.
Срам да ви е, сега ќе ве избркам надвор. Пуштете реклами, а вие излезете, му рече Јоксимовиќ.
Ѓорѓевиќ ѝ врати дека не може да го избрка, ни да го ограничи во тоа што да зборува.
Дали добивте шанса да разговарате на некоја тема? Ви кажав која е темата, да бевте барем малку присојни ќе знаевтее дека кога некој ве кани за тема, ако се согласувате да разговарате на таа тема тогаш зборувате за таа тема. Не може да зборувате за некој дека е предавник, рече таа.
На прашањето на Ѓорѓевиќ која е таа за да го ограничи што ќе каже и за кого, Јоксимовиќ му рече дека таа е уредничка на емисијата и го избрка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.