Ирена Р. (35) која загина на Копаоник кога моторната санка што ја управуваше нејзин познаник удри во дрво, е ќерка на истакнат новосадски лекар.

Нејзиниот татко е  специјалист по гинекологија и акушерство, почитуван лекар во својата област. Семејството во Нови Сад се смета за угледно. Соседите од Ветерник кои живеат на нивната улица се уште се во шок.

Ирена дипломирала на Правниот факултет во Нови Сад, а потоа магистрирала, по што се запишала на докторски студии, инаку била една од најдобрите студенти.

Нивните тела сосема случајно ги пронашле спасувачите од Планинската служба, а телото на Драган било на околу 20 метри од санката. Фотографиите од несреќата покажуваат дека ударот бил страшен и оти Драган можеби немал можност да закочи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.