Албанскиот премиер Еди Рама реагираше во врска со коментарите на Косово, откако на Франција и на Германија им го испрати својот нацрт-статут за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, велејќи дека оние кои се против предлогот, и во Приштина и во Белград, се комунистите во нивните умови, пренесува „Репортери“.
Албанскиот премиер додаде дека тоа го направил за доброто на регионот, бидејќи нагласил дека „регионот не е само на Косово и Србија, туку и наш“.
Мило ми е што напорите да се даде конкретен придонес во дијалогот и предлогот за ЗСО беше добро прифатен од нашите сојузници, а за оние кои се спротивставија без да ја знаат содржината, и во Приштина и во Белград, кажувам две работи. Прво, тие што зборуваат вака се уште живеат во комунизам, кога политиката се однесуваше на тоа кој нешто рекол, а не што кажал. Второ, тие се навистина тие кои сами одлучуваат, но овој регион не е само нивен, туку и наш. Така да, ако уште мислат да играат војна, четврт век по војната, на нашите сојузници им го снемува трпението, затоа што бараат мир – рече Рама.
За односот со премиерот Курти, Рама рече дека тие имаат исти цели, но одат по различни патишта.
Мојата цел и целта на премиерот на Косово се исти, но постигнувањето на таа цел не го гледаме на ист начин, особено во последно време. За мене курсот на судир со нашите сојузници е само каприц со несогледливи последици – изјави Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.