Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека имал разговор со главниот технолошки директор на стартап компанијата OpenAI, Албанката Мира Мурати, за да се забрза пристапот на Албанија во ЕУ, објави ТВ Топ чанел.
Рама ова го изјави за време на годишниот конгрес на Социјалистичката партија на Албанија во Тирана пред неколку дена. Компанијата „Отворена вештачка интелигенција“ стои зад развојот на сè попопуларниот четбот „ChatGPT“.
Според албанскиот премиер, со помош на вештачката интелигенција, креаторот на ChatGPT, Мира Мурати, ќе постигне воведување во албанското законодавство на близу 4.000 правни акти, кои се неопходни за пристапување на Албанија во Европската Унија.
Рама рече дека по долги години работа со ЕУ, Албанија успеала да воведе само 510 од сите правни мерки потребни за усогласување со европското законодавство. Тој прецизираше дека за усогласување Албанија треба да воведе 280 илјади страници или 3484 законски мерки.
Според Рама, за разлика од другите земји, каде што целиот процес на спроведување на правните акти на ЕУ траеше до девет години, Албанија ќе се справи многу побрзо.
„Никој од нас не го слушнал името на девојка од (јужниот албански град) Валона, талент, Мира Мурати“. Сите ние (Албанците) го слушнавме тоа во исто време како и целиот свет кога таа ги воодушеви (сите) со создавањето на вештачката интелигенција ChatGPT. (…) Се осмелив да побарам помош од неа за да може Албанија побрзо да стане членка на ЕУ“, рече албанскиот премиер.
Рама додаде дека ja прашал Мурати дали е можно целата планина мерки на ЕУ да се спроведат преку ChatGPT доколку се ангажираат илјадници преведувачи и се издвојат пари за тоа, на што таа одговорила потврдно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.