Бугарскиот претседател Румен Радев реагира за пораките на неговиот колега Стево Пендаровски дека македонското малцинство во Бугарија е факт и оти треба да биде впишано во Уставот на Бугарија исто како што Софија бара за внесување на Бугарите во Уставот на Македонија.

– Очигледно, некои политичари во C. Македонија се обидуваат да ја осознаат реалноста на потешкиот начин. Тоа не им носи никаква полза. Напротив, досега имаа доволно поводи и настани за да се убедат дека нивното антиевропско однесување и однос кон Бугарија на ниту еден начин не им носи придобивки и ги оддалечува од нивното членство во ЕУ, ја пренесува Експрес изјавата на Радев што ја дал пред новинари во градот Летница на северот од Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.