Претседателот на Бугарија Румен Радев остварил телефонски разговор со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Како што објави прес-службата на бугарскиот претседател, Радев го повикал својот турски колега да ги координира активностите за евакуација на бугарските и турските екипажи на бродовите блокирани во украинските пристаништа во Азовското и Црното Море пред да се постигне мировен договор во Украина.

Во моментов, на територијата на Украина има два блокирани бугарски брода – „Рожен“, на пристаништето Черноморск во Црното Море и „Царевна“ – на пристаништето Мариупол во Азовското Море.

Двајцата претседатели разговарале и за заеднички и навремени напори за извлекување на бугарските и турските морнари од воената зона во Украина.

Во разговорот со Ердоган, Радев ја изразил желбата на Бугарија за засилено енергетско партнерство и обезбедување алтернативни испораки на енергија од Турција додека се продлабочува конфликтот во Украина.

Радев упатил честитки за дипломатските напори на турскиот претседател Ердоган да посредува во решавањето на воениот конфликт во Украина.

Радев и Ердоган го коментирале фактот дека бугарско-турската економска трговска размена од 6,5 милијарди долари не одговара на можностите и има голем потенцијал за развој на билатералната соработка во економијата, меѓусебните инвестиции, енергетиката и безбедноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.